ПОЧЕТНА СВЕТ Дончиќ и Адетокумбо направија преседан во НБА лигата

Дончиќ и Адетокумбо направија преседан во НБА лигата

сподели

Ѕвездите на Далас Маверикс и Милвоки Бакс ги добија признанијата за играчи на месецот во своите конференции.

Ништо необично, ако се имаат предвид нивните настапи во ноември, но ова е првпат во историјата на НБА лигата двајца европски кошаркари (воопшто двајца странци) да бидат во исто време прогласени за добитници на оваа награда. Веројатно ќе треба да се навикнеме на ова бидејќи се поголем е бројот на странци во НБА, а голем дел од нив отскокнуваат со својот квалитет.

Лука Дончиќ го заврши месецот со просек од 30,6 поени, 9,9 скока и 9,6 асистенции, а имаше најмногу поени и асистенции во последните четвртини од натпреварите во однос на сите кошаркари во лигата. Адетокумбо го предводеше Милвоки до серијата од 10 победи, постигнувајќи по 30,9 поени, 13,4 скока и 5,9 асистенции по натпревар.