ПОЧЕТНА СВЕТ Дончиќ ги резилеше Леброн и Лејкерс

Дончиќ ги резилеше Леброн и Лејкерс

сподели
фото: Mavericks

Словенецот беше на скок до трипл-дабл со 27 поени, 11 асистенции и 9 прифатени топки во победата на Далас над франшизата симбол за ЛА, со 110:114. Лука постигна 16 поени во третиот период, Маверикс водеа и со +21 во последниот.

Во составот на домаќините, Ентони Дејвис регистрира 27 поени со 10 скока, а Леброн Џејмс имаше 25 поени, со 9 скока и со 8 асистенции. Со овој пораз, заврши низата од 10 победи на екипата со најдобар скор сезонава во НБА (17/3).