ПОЧЕТНА СВЕТ Дончиќ, Дончиќ, Дончиќ, … 33 пати + 18 пати!

Дончиќ, Дончиќ, Дончиќ, … 33 пати + 18 пати!

сподели
фото: Mavericks

Словенечкото чудо постигна 33 поени со 18 скока во триумфот на Далас против Њу Орлеанс, со 118:97. Лука постигна 18 поени во третиот период и играше само 28 минути, во 8-та победа на Маверикс на последните 9 средби.

Дончиќ постигна пет тројки, имаше 9/18 од поле, 10/13 од линијата за слободни, со 5 асистенции. За поразените, Брендон Инграм регистрира 24 поени, а Холидеј 18, во 6-тиот последователен пораз за екипата на Пеликанс.