ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Доналдсон има нова дестинација – Унгарија!

Доналдсон има нова дестинација – Унгарија!

сподели

Еден од најдобрите играчи во македонското првенство минатата сезона одлучи да побара нов предизвик во кариерата.

Во претстојната натпреварувачка кампања тој ќе игра во унгарскиот шампионат, во тимот на Јасберењи, кој само поради тоа што беше прекинато првенството, опстана во елитната дивизија. На 21 натпревар, оваа екипа оствари само две победи.

Доналдсон беше убедливо најдобар поединец во редовите на Гостивар и најзаслужен што неговиот тим, пред прекинот, се наоѓаше на делба на втората позиција на табелата, со Работнички. Во просек постигнуваше по 16,9 поени, 5,9 скока и 4,4 асистенции по натпревар. Управата на Гостивар имаше желба да го задржи, Доналдсон беше и под договор за претстојната сезона, но на крајот Американецот успеа да добие дозвола да ја смени средината.

Тој е првиот кошаркар што официјално го напушта Гостивар откако клубот веќе ги продолжи договорите со Костоски, Димчевски, Тасовски, Димитриевски и Штерјов, а денеска го потврди и трансферот на Марјан Јанески.