ПОЧЕТНА Други репрезентации ДОКАЗ ДЕКА МОЖЕМЕ: Нашиот најдобар, беше двојно подобар од нивниот!

ДОКАЗ ДЕКА МОЖЕМЕ: Нашиот најдобар, беше двојно подобар од нивниот!

сподели
Павле Михајлоски (десно, fiba.basketball)

Македонија загуби катастрофално на стартот на ЕП за кошаркари до 20 години, на шампионатот што се одржува во Португалија. Во првото коло, Белгија не торпедира со 56:95.

Веќе кажавме дека не треба да фрламе со дрва и камења по нашите „деца“, а дека и тие знаат да играат кошарка, показател е учинокот на Павле Михајлоски.

fiba.basketbal

Нашиот најдобар поединец имаше 17 поени со 10 скока, 3 асистенции, 2 украдени топки и една блокада. Белгискиот репрезентативец Блејенберг имаше двојно помал учинок.

Плодна е оваа земја, не можат да и земат толку, колку што таа може да роди. Проблемот е во нас самите, што ние не се цениме и ние не знаеме што сакаме, односно сакаме само лично за себе!