ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Николферт-Работнички 1999!

(ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Николферт-Работнички 1999!

сподели

Ситуацијата со корона вирусот не принуди да останеме во своите домови, во очекување да се среди состојбата.

Времето не мора напразно да се троши, може да се искористи и за учење кошарка или гледање на некои натпревари од веќе подалечното минато. Поточно, од времето кога во Македонија беа полни салите на кошаркарските натпревари.

Ова е натпреварот меѓу Николферт и Работнички, одигран во Гостивар во сезоната 1998/99. Тоа е сезоната кога скопскиот тим доживеа многу промени на играчки план, но ја продолжи доминацијата на домашна сцена и ја освои седмата титула по ред што уште е рекорд во македонското првенство.

Од Работнички пред почетокот на натпреварувачката кампања си заминаа Перо Блажевски, Ѓорѓи Књазев, Ѓорѓе Војновиќ, Јорданчо Давитков и Горан Димитријевиќ, плус странците Видачиќ и Смиљаниќ, но дојдоа Врбица Стефанов и Тони Симиќ, а клубот одлучи да се потпре на помладите играчи од својата школа како Гоце Герасимовски, Благоја Патровски, Емил Рајковиќ, Горан Веселиновски, Ѓорѓи Чековски итн.

Од друга страна, за Николферт таа сезона беше „генерална проба“ за она што се случи една година подоцна (2000 година) кога гостиварскиот тим ја прекина доминацијата на Работнички и ја освои првата титула во својата историја со што стана втор тим со шампионски пехар во домашното првенство.

https://www.youtube.com/channel/UCmUu1wGF6WxEI1DFyil_e7A