ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: МЗТ-Улм 1996

(ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: МЗТ-Улм 1996

сподели
Фото. МЗТ Скопје

Ситуацијата со корона вирусот не принуди да останеме во своите домови, во очекување да се среди состојбата.

Времето не мора напразно да се троши, може да се искористи и за учење кошарка или гледање на некои натпревари од веќе подалечното минато. Поточно, од времето кога во Македонија беа полни салите на кошаркарските натпревари, без разлика дали станува за дуели од домашното првенство или европските купови.

Ова е натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Улм од Купот „Рајмундо Сапорта“, одигран во групната фаза од сезоната 1996/97. Таа натпреварувачка кампања нашиот претставник го оствари најголемиот успех на меѓународна сцена, ја помина групата и се пласира во 1/16-финалето каде беше елиминиран од Порто.

Натпреварот со Улм беше еден од најчудните во историјата на кошарката, германскиот тим имаше напад за победа, еден од играчите на овој тим ја заби топката во обрачот, но таа се одби од мрежичката и излезе. Во контрапанад Перо Блажевски постигна тројка и го однесе мечот во продолжение. Се играа уште два пати по пет минути за на крајот МЗТ Скопје да дојде до победата.

Дуелот беше од третото коло, аеродромци загубија во првите двa, од Реал и Плама Плевен на гостински терен. Мечот со Улм беше прв дома и ја најави одличната серија на МЗТ кој дома ги „доби“ сите пет натпревари: против Улм, Бенфика, Реал, Плама и Хапоел Галил Елион.

Таа сезона МЗТ Скопје го освои и Купот на Македонија, но не стигна до финалето од плеј-офот бидејќи во полуфиналната серија беше елиминиран од Жито Вардар.

*basketball.mk упатува благодарност до Перо Блажевски за отстапената снимка