ПОЧЕТНА Во позадина Добро е – нема крварење во мозокот!

Добро е – нема крварење во мозокот!

сподели

Директорот на Клиничкиот центар на Република Српска, Владо Џајиќ ја смири тензијата кога станува збор за моменталната состојба на Огњен Кузмиќ.

Тој изјавил дека 29-годишниот кошаркар има повреди на главата и градниот кош, но нема крварење во мозокот што е исклучително значајно во оваа ситуација.

„Примен е со повреди на главата, проследени со скршеници на коските на лицето и двете вилици, имаше повреди на градниот кош со нагмечување на градите.

Беше во несвесна состојба, она што е добро е што нема крварење во мозкот, ниту скршеници на черепот околу мозокот. Се договоривме да направиме негово префрлување во Клиничкиот центар во Белград бидејќи, сепак, се работи за несвесна состојба и добро е да биде во поголема здравствена установа“, изјавил Џајиќ за Н1.

Во соопштението од Клиничкиот центар на Република Српска се додава дека Кузмиќ е на апарати за механичка вентилација и дека е извршена цела неопходна иницијална дијагностика. Во меѓувреме почнат е и процесот на терапија.