ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Добредојде назад: Прв кош на Порзингис по 610 дена

(ВИДЕО) Добредојде назад: Прв кош на Порзингис по 610 дена

сподели

Еуфоријата во редовите на Далас Маверикс ја зголеми летонскиот џин кој по долга пауза се врати на кошаркаркарските терени.

Конкретно, по 610 дена, уште од деновите кога беше член на Њујорк Никс. Кристапс Порзингис на 6 февруари 2018 година ги скина вкрстените лигаменти на коленото и оттогаш не заигра.

Во меѓувреме беше трејдуван во Мавс, помина низ долг процес на рехабилитација и се врати на терените во дресот на тимот од Тексас. Во првиот меч, против Детроит, постигна 18 поени и 7 скока, а првиот кош го реализира со тројка од можеби осум метри.