ПОЧЕТНА Некатегоризирана Добредојде на турски јазик за Нандо де Коло

Добредојде на турски јазик за Нандо де Коло

сподели
Sabah

Фенербахче ги загуби Марко Гудуриќ и Николо Мели кои заминаа во НБА лигата, но затоа успеа да се договори со еден од најдобрите европски кошаркари.

Нандо де Коло официјално е нов играч на актуелниот турски шампион во еден од најбомбастичните трансфери во Европа летово, а во кои не е вклучена Барселона. Французинот потпиша на две години со можност за продолжување на соработката на уште една.

Прва цел на Де Коло по завршувањето на сезоната беше враќање во НБА лигата, право на него имаше шампионот Торонто Репторс, но оттаму немаше интерес и тој мораше да се задоволи со Европа. Во своите редови сакаше да го донесе Реал Мадрид, ама изборот падна на Фенербахче и Жељко Обрадовиќ.

Де Коло заминува во Истанбул како актуелен европски шампион откако со ЦСКА ја освои својата втора титула во Евролигата.