ПОЧЕТНА Некатегоризирана Добрата волја на Репторс не е бесконечна, по Токио кочијата станува тиква!

Добрата волја на Репторс не е бесконечна, по Токио кочијата станува тиква!

сподели
фото: AS

Селекторот на шпанската репрезентација Серџо Скариоло не може вечно да го води светскиот шампион на начинот на кој што тоа го правеше досега.

Во интервју за весникот АС, тој откри дека може на клупата да остане најмногу уште една година, односно до Олимписките игри во Токио. Таков е договорот со НБА првакот Торонто Репторс каде италијанскиот стручњак е помошен тренер од лани.

„Постојано сум во контакт со челниците на Кошаркарската федерација на Шпанија (РФЕФ). Ситуацијата е таква што не постојат крајни рокови за продолжување на соработката и слично.

Како во приказната за Пепелашка, дозволата од Репторс истекува на полноќ по последниот натпревар на Олимпијадата во Токио. Тогаш кочијата повторно ќе стане тиква“, изјави Скариоло.

Оваа година е најуспешна во неговата кариера бидејќи ги освои двете најзначајни титули: во НБА лигата со Торонто Репторс и на Светското првенство со шпанската репрезентација.