ПОЧЕТНА СП 2019 Ѓорѓевиќ се изнервира: Ова не личи на ништо

Ѓорѓевиќ се изнервира: Ова не личи на ништо

сподели
b92.net

Првпат во историјата едно Светско првенство се игра со 32 репрезентации, па можеби и затоа во првото коло имаше неколку исклучително убедливи победи.

Литванија победи со 54 разлика, Италија и Србија по 46, Шпанија со 39 итн. Шанса за настап добија некои репрезентација што не заслужуваат, па вистинските возбудувања од ова првенство ќе ги доживееме дури во втората фаза.

Србија ја растури Ангола, најтрофејната африканска репрезентација, но тоа не го прави среќен селекторот Александар Ѓорѓевиќ. Во најавата за дуелот од второто коло против подеднакво слабите Филипини, тој изрази сомнеж во исправноста на овој потег на ФИБА.

„Не би сакал да го анализирам само натпреварот против Филипини, туку генерално системот на Светското првенство со 32 репрезентации. Се случува да постојат огромни разлики меѓу противниците.

Мора некој да го постави прашањето дали тоа ни одговара не само нам, туку и на другите квалитетни репрезентации, дали е тоа добро за кошарката која му ја презентираме на светот. Можеби е подобро да се вратиме на малку пореален однос на силите од формирањето на Светското првенство како натпреварување“, изјави Ѓорѓевиќ.

По две репрезентации од секоја група одат во втората фаза, па тогаш може да се очекуваат поинтересни дуели. Дотогаш треба да гледаме како се мачат Тунис, Сенегал, Ангола, Јапонија итн.