ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ѓекиќ го напушти Куманово, но пак ќе му биде ривал на МЗТ...

Ѓекиќ го напушти Куманово, но пак ќе му биде ривал на МЗТ Скопје

сподели
фото: kumanovskimuabeti.com

По година ипол во редовите на Куманово, поранешниот младински репрезентативец на Србија најде нов предизвик во кариерата.

Бранислав Ѓекиќ е нов член на босанскиот вицешампион Спарс кој и претстојната сезона ќе биде дел од АБА 2. Во неа ќе учествува и нашиот првак МЗТ Скопје што значи дека искусниот крилен центар повторно ќе излезе на мегдан со тимот од Аеродром.

Минатата сезона Ѓекиќ беше еден од најдобрите играчи во Куманово и во македонското првенство, просечн постигнуваше по 15,7 поени, 7,2 скока, 1,3 асистенции и 1,4 блокади по натпревар. Претходно играше и за Струмица и Фени Индустри.