ПОЧЕТНА Некатегоризирана Дивац нема да му стои на патот на Кокошков

Дивац нема да му стои на патот на Кокошков

сподели
kurir.rs

Генералниот менаџер на Сакраменто Кингс нема ништо против, неговиот асистент-тренер да се обиде да ја одведе Србија на ЛОИ во Токио наредната година, за што Србите ќе мора да се потат на квалификациски турнир. Договорот бил постигнат (јавува alo.rs), само треба да се потпише?

FIBA

По заминувањето на Александар Ѓорѓевиќ, НБА помошникот Игор Кокошков се наметнува како сериозен кандидат за испразнетата клупа на репрезентацијата на нашиот северен сосед, а другиот што циркулира низ јавноста е тренерот на Монако, Саша Обрадовиќ.

Мишко Ражнатовиќ (фото: Starsport, espreso.rs)

Најголема дилема предизвикува тврдењето на агентот Мишко Ражнатовиќ дека НБА екипите не дозволуваат нивните тренери и асистенти да имаат втора работа, но случајот со Серџо Скариоло, помошникот во Торното и селектор на Шпанија, е најголемиот демант.