ПОЧЕТНА Некатегоризирана Дивац ќе здивне, тренерот не му оди зад решетки?

Дивац ќе здивне, тренерот не му оди зад решетки?

сподели

НБА лигата и франшизата Сакраменто Кингс објавија дека истрагата за новиот стратег на оваа екипа е завршена, затоа што наводната жртва решила да не се појавува пред претставниците на НБА лигата, а случајот бил отфрлен поради недостаток на докази.

Лук Волтон беше обвинет за силување во неговиот апартман во Санта Моника во ЛА, имаше бурно лето, но како што изјави по отрфлањето на обвинувањата, може да се концентрира на работата со новата екипа која што е прекрасна група на луѓе.

nbcsports.com

Владе Дивац, првиот оперативец на Кингс, реши да го вработи Лук Волтон веднаш откако тој остана без работа по една сезона во Лејкерс. Волтон има искуство и како асистент на шампионскиот состав на Голден Стејт Вориорс.

Сепак, дел од американските медиуми јавуваат дека тужбата пред судот, што ја покренала репортерката што се појавува како жртва во овој случај, се уште стои, иако не е закажан датум за судење.