ПОЧЕТНА ЕВРОПА Дивац ги собира своите, словенечкохрватскиот проект расте, Шпанците ја напаѓаат Евролига

Дивац ги собира своите, словенечкохрватскиот проект расте, Шпанците ја напаѓаат Евролига

сподели
nbcsports.com

Некогашниот српски кошаркарски ас, сега прв оперативец на Сакраменто Кингс, го ангажира Игор Кокошков, тренерот што минатата сезона имаше втор најслаб скор во лигата со Феникс Санс, кој што ќе има функција асистент на Лук Волтон.

Цедевита Олимпија го постави Сани Бечировиќ за спортски директор на клубот, кој што има големи амбиции за наредните сезони, со оглед на силниот спонзор и славниот клуб кои што се фузираа. Целта е константно учество во Евролига.

Претседателот на шпанската федерација, Хорхе Гарбахоса изјави дека не е можно да разговараш со некого, ако тој не сака да преговара, алудирајќи на тврдиот став на Евролига по однос на календарот за наредната сезона по барањето мечевите да завршат порано поради ЛОИ во Токио.