ПОЧЕТНА ЕВРОПА Директната пресметка за врвот им припадна на Турците

Директната пресметка за врвот им припадна на Турците

сподели
euroleague.net

Минатосезонскиот финалист го порази конкурентот за првата позиција на табелата, славејќи против Олимпија со 76:81. Истанбулската екипа има 8/2, миланезите со првит домашен пораз паднаа на третата позиција со 7/3.

Шејн Ларкин експлодира во последните 4 минути, со 9 од неговите вкупно 17 поени, а имаше и 5 асистенции. Тибор Плаис имаше 14 поени со 2 асистенции, додека кај поразените се истакна Серхио Родригез со 11 поени и 9 асистенции.