ПОЧЕТНА ЕВРОПА Димитријевиќ трет стрелец во првиот триумф на Хувентут

Димитријевиќ трет стрелец во првиот триумф на Хувентут

сподели

По 45 минути игра екипата од Бадалона дојде до победа од 86:79 во дуелот со Билбао, во второто коло од завршниот турнир што се игра во Валенсија.

На Хувентут му беше потребно едно продолжение за да го комплетира пресвртот откако во еден момент имаше и девет поени негатива. Сега тимот на Ненад Димитријевиќ имаше сили да го доврши она што го почна, а не успеа против Барселона во првото коло кога загуби со четири поени разлика.

Македонскиот репрезентативец помина речиси 31 минута на теренот и за тој период постигна 11 поени со што беше трет стрелец во својот тим, зад Лопес Аростеги (13) и Препелиќ (21). Додаде уште седум асистенции, но и пет загубени топки.