ПОЧЕТНА ЕВРОПА Димитријевиќ солиден, ама Хувентут претрпе двојна загуба

Димитријевиќ солиден, ама Хувентут претрпе двојна загуба

сподели
фото: eurocupbasketball.com

Македонскиот репрезентативец одигра 13 минути и беше трет стрелец во својот тим со 10 поени, на дуелот против Валенсија во 17-тото коло од АЦБ лигата.

Но, тоа ни оодалеку не беше доволно за Хувентут кој загуби со 100:70 и го претрпе четвртиот пораз во последните пет кола од шпанското првенство. Со тоа каталонскиот состав не успеа да се пласира на завршницата од Купот на Шпанија кој ќе се игра од 13 до 16 февруари во Малага.

Пласман обезбедија првопласираните седум екипи на табелата во овој момент, плус Уникаха како домаќин на турнирот, а во моментот на деветтото место. Учесници се: Реал, Барселона, Сарагоса, Тенерифе, Билбао, Валенсија, Андора и гореспоменатата Уникаха.