ПОЧЕТНА ЕВРОПА Димитријевиќ солиден, ама Хувентуд никако да победи

Димитријевиќ солиден, ама Хувентуд никако да победи

сподели
фото: Club Joventut Badalona

На хартија каталонскиот клуб има посилен тим од минатата сезона, ги има Зисис, Омиќ и Препелиќ, но уште ја чека првата победа на официјален натпревар.

Пред своите навивачи загуби од Бургос со 74:82 што е четврти пораз во исто толку натпревар сезонава: три во АЦБ лигата и еден во УЛЕБ купот. Во поанското првенство е во друштво со Гран Канарија, Уникаха и Фуенлабрада кои уште немаат победи, но тие уште не ги одиграле натпреварите од третото коло.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ против Бургос беше во рамките на својот просек. Постигна шест поени од две тројки, додаде три скока, две асистенции, но и четири загубени топки.