ПОЧЕТНА ЕВРОПА Димитријевиќ одличен, ама недоволен за победа на Хувентуд

Димитријевиќ одличен, ама недоволен за победа на Хувентуд

сподели

Македонскиот репрезентативец дебитираше во Еврокупот на УЛЕБ, но со својата екипа не успеа да забележи триумф.

Хувентуд загуби на гостувањето кај Нантер со 85:78 со што ја продолжи серијата порази на почетокот од новата сезона.

Ненад Димитријевиќ беше меѓу играчите со најголема минутажа во својата екипа, на теренот помина 26 минути и максимално ги искористи. Постигна 10 поени, 3 скока и 1 асистенција.

Повеќе поени од него имаа Препелиќ (23), Омиќ (13) и Вентура (12). Во второто коло Хувентуд ќе игра на домашен терен против Бреша.