ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Димитријевиќ не е на паркетот – го одигра ли своето за Хувентут?

Димитријевиќ не е на паркетот – го одигра ли своето за Хувентут?

сподели
фото: Club Joventut Badalona

Македонскиот репрезентативец не е во составот на својот тим на натпреварот од последното коло нд завршниот турнир од АЦБ лигата, против Басконија.

Мечот нема никакво резултатско значење бидејќи Хувентут нема шанси за пласман во полуфиналето, а ривалот сигурно е второпласиран. Каталонскиот клуб на Твитер објави дека Ненад Димитријевиќ добил поштеда поради болки во задната ложа, па за него е веќе завршена оваа турбулентна сезона. Од истите причини тој не беше дел од македонската репрезентација на гостувањето во Русија, во второто коло од квалификациите за Европското првенство, на мечот одигран во февруари.

Ова веројатно значи дека Димитријевиќ веќе го одигра последниот натпревар во дресот на Хувентут со оглед на информацијата од минатата недела дека веќе постигнал договор за трансфер во Валенсија. Последен пат зелениот дрес го облече на дуелот со Тенерифе на кој постигна 16 поени и беше најефикасен во својата екипа.