ПОЧЕТНА ЕВРОПА Димитријевиќ најдобар играч на Хувентуд

Димитријевиќ најдобар играч на Хувентуд

сподели
фото: Club Joventut Badalona

Македонскиот репрезентативец го продолжи трендот на добри игри во дресот на својот тим и од натпревар во натпревар е се позабележителен.

Хувентуд ја забележа втората победа сезонава триумфирајќи на гости кај Гран Канарија со 68:79. Димитријевиќ, заедно со Харангоди, имаше највисок индекс во својата екипа (15) како резултат на 15-те поени (негов личен рекорд оваа сезона), петте скока и двете асистенции.

Со оваа победа каталонскиот тим излезе од зоната за испаѓање, а можност да се оддалечи од неа ќе има во следното коло кога го пречекува Обрадоиро.