ПОЧЕТНА Интернационалци Димитријевиќ меѓу подобрите во тешкиот пораз на Хувентуд

Димитријевиќ меѓу подобрите во тешкиот пораз на Хувентуд

сподели
фото: Club Joventut Badalona

И покрај звучните засилувања кои ги донесе во текот на летото, каталонскиот член на АЦБ лигата уште ја бара својата вистинска форма.

Во еден од подготвителните натпревари пред почетокот на новата сезона Хувентуд загуби од повратникот во шпанската кошаркарска елита Билбао со 90:73. Ненад Димитријевиќ беше еден од подобрите во својата екипа со оглед на просторот за игра што го доби.

За 11 минути на теренот постигна 7 поени и една освоена топка. Најефикасен во неговиот тим беше Клемен Препелиќ со 15 поени.

Во екипата на Билбао настапи и поранешниот играч на Карпош Соколи, Џејлон Браун кој постигна 10 поени.