ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Димитријевиќ ќе игра во Евролигата!?

Димитријевиќ ќе игра во Евролигата!?

сподели

Лидерот на новата генерација во македонската репрезентација е пред исклучително атрактивен трансфер кој би ја вратил нашата кошарка во елитното европско натпреварување.

Шпанскиот новинар Чема де Лукас објави дека за Ненад Димитријевиќ е заинтересиран поранешниот шампион во АЦБ лигата Валенсија кој, како што вели, нуди идната година нашиот кошаркар да игра таму како позајмен играч. Плејмејкерот ја игра сезоната на својата кариера, блескаше и во домашното првенство и во Еврокупот и не е чудо што за него се заинтересирани вакви екипи.

АЦБ лигата треба да продолжи идната недела, а во досегашниот нејзин дел Димитријевиќ просечно постигнуваше по 8 поени и 3,3 асистенции. Во Еврокупот беше уште подобар – 11,9 поени и 3,9 по натпревар. Македонија немала кошаркар во Евролигата од сезоната 17/18 кога Перо Антиќ беше член на Црвена Звезда, а натурализираниот Џордан Теодор го носеше дресот на Милано.

Валенсија профитираше од предвремениот крај на сезоната во Евролигата, па доби место во ова натпреварување и за идната сезона. Својата единствена титула во домашното првенство оваа екипа ја освои пред три години кога во финалето го шокираше Реал и ја прекина неговата доминација во Шпанија. Но, Валенсија има и четири титули во Еврокупот, последната освоена лани.