ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Димитријевиќ гази, соиграчите не го следат

Димитријевиќ гази, соиграчите не го следат

сподели
фото: Club Joventut Badalona

Иако имаше убедливо водство, Хувентут со негатива од три разлика замина на пауза по првото полувреме од дуелот со Уникаха.

Во шестата минута на семафорот стоеше 16:5 за каталонскиот тим, а девет од 16-те поени за Хувентут постигна Ненад Димитријевиќ. Во вториот период Уникаха ја презеде иницијативата и по 20 минути игра резултатот е 36:39.

Македонскиот репрезентативец е убедливо најефикасен во својата екипа, а и на натпреварот, со 13 поени, со само две промашувања од игра и индекс 14. За жал, не го следат соиграчите, најблиску до него е Морган со 7 поени, па Препелиќ со 6.