ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Димитријевиќ е нов играч на Валенсија!?

Димитријевиќ е нов играч на Валенсија!?

сподели

Македонскиот репрезентативец е прво засилување за шампионот на Шпанија од 2017 година за идната сезона.

Ова го објави специјализираниот кошаркарски портал eurobasket.com кој тврди дека договорот е постигнат и дека Ненад Димитријевиќ е вториот потпишан играч за претстојната натпреварувачка кампања, по Бојан Дубљевиќ кој ја продолжи соработката со Валенсија. Недостасува само уште официјална потврда од клубот, но тоа најверојатно ќе се случи по завршувањето на турнирот за шампион кој од 17 до 30 јуни ќе се одржува токму во овој град.

Тоа значи дека Димитријевиќ идната сезона ќе настапува во Евролигата и ќе стане прв Македонец во елитното кошаркарско натпреварување по пауза од две сезони .

Целата своја досегашна кариера тој ја помина во тимот на Хувентут каде играше и во младинските категории. Оваа сезона имаше просек од 8 поени во шпанското првенство и 11,9 во Еврокупот.