ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Димчевски ужива кога игра против МЗТ!

Димчевски ужива кога игра против МЗТ!

сподели

Како „дете“ на Работнички, поранешниот репрезентативец секогаш има посебна мотивација кога игра против најлутиот ривал, но оваа сезона особено е расположен во меѓусебните дуели.

На првиот меч во Гостивар, Ивица Димчевски постигна девет поени, сите од тројки и сите кога се решаваше победникот. На реваншот во Аеродром се покажа во уште подобро издание. Еден кош му требаше да биде најефикасен на натпреварот, но и со овие 19 поени и 5 скока има огромен придонес за победата.

Особено е важно тоа што реализира пет тројки од 10 шута или 50% што е одличен ефект на вакви натпревари. Целата екипа на МЗТ, на пример, имаше само една тројка повеќе од Димчевски.