ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ДИМЧЕВСКИ: Бевме попаметни, Марче одлично не подготви

ДИМЧЕВСКИ: Бевме попаметни, Марче одлично не подготви

сподели
фото: МЗТ Скопје

Еден од хероите на гостиварци на дербито против МЗТ Скопје не крие дека е презадоволен од неговото и изданието на неговиот тим во „Јане Сандански“.

Гостивар сезонава беше изненаден од Пелистер во Битола и Куманово на домашен терен, но сето тоа го покри со фантастичната игра против шампионот. Димчевски беше втор стрелец во својот тим и има голема заслуга за триумфот, заедно со Доналдсон и Џелетовиќ.

„Основната причина за нашата победа е тоа што игравме попаметно од ривалот. Марче (тренерот Марјан Србиновски н.з.) одлично не подготви, направи добар скаутинг и знаевме каде треба да нападнеме.

Прекрасно е што сме на првото место, уште подобро што против ривалите за титулата имаме добар биланс, но до крајот на сезоната има уште многу натпревари, а секој кикс има големо значење. Се надеваме дека ќе продолжиме со добрите резултати и ќе останеме на чело“, изјави Димчевски за basketball.mk.

Во овој дел од сезоната, пред почетокот на Суперлигата, Гостивар има уште три тешки гостувања: кај Кожув, Еуро Никел и Куманово.