ПОЧЕТНА ЕВРОПА Дежа ву за Панатинаикос

Дежа ву за Панатинаикос

сподели
euroleague.net

Вторпат за една недела грчкиот шампион загуби натпревар на идентичен начин и со идентичен резултат – 78:79. Во минатото коло од АСВЕЛ на гостински, а сега од Армани на домашен терен.

Поените за победа ги постигна Мораскини од линијата за слободни фрлања на осум секунди пред крајот, минатата недела прецизен од истата позиција беше Џордан. Последниот шут го имаше Калатес, но не успеа да погоди. Мицов постигна 18 поени, Скола 17 за Армани, Калатес беше најефикасен со 23.