ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Десетка за Јута

(ВИДЕО) Десетка за Јута

сподели
twitter.com/utahjazz

Фантастичната серија на Јута продолжува, а по победата над Бруклин со 107:118 таа брои десет во низа. Триото Инглс, Мичел и Гоберт повторно блесна на паркетот, овој пат со 27 поени и 3 скока, 25 поени и 4 асистенции и 22 поени и 18 скока.

Кај домаќините, 32 поени, 11 асистенции и 5 скока постигна Кајри Ирвинг, додека 17 поени и 5 асистенции додаде Спенсер Динвиди. Со 28/12, Џез се наоѓаат на 2-та позиција на Западот, 5 победи зад Лејкерс. Нетс се на 8-та позиција на Истокот, со скор 18/21.