ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дервишевиќ, Лечиќ, Василев и Симиќ… нови селектори на младинските репрезентации!?

Дервишевиќ, Лечиќ, Василев и Симиќ… нови селектори на младинските репрезентации!?

сподели
Тони Симиќ покажа дека е одличен стручњак на кој му претстои светла иднина

Стручниот совет при КФСМ ги доставил своите предлози кои наскоро треба да бидат прифатени, неофицијално дознава basketball.mk.

Денис Дервишевиќ е решение за селекцијата М14, Андреј Лечиќ за М16, Никола Василев за М18 и Тони Симиќ за М20. Уште нема предлог само за селекцијата М15.

Денис Дервишевиќ претходното лето успешно ја заврши својата задача на ЕП за кошаркари до 16 години во Удине (фото: FIBA)

Со исклучок на Лечиќ, останатите тројца стручњаци веќе имаат искуство во водење младински репрезентации: Дервишевиќ летово ја водеше М16 селекцијата на Европското првенство во Удине, Симиќ беше предводник на М18 на Б-шампионатот во Орадеа, а Василев лани ја водеше М20 репрезентацијата на Б-првенството во Софија.

Лечиќ ќе има и најтешка задача бидејќи неговата селекција е единствена која идното лето ќе настапи на Европско првенство А-дивизија иако домаќин на шампионатот е Скопје. Кадетите веќе ги дознаа своите противници во групата: Шпанија, Италија и Израел. Од оваа сезона Лечиќ му е помошник на Димитар Мираковски во првиот тим на Работнички.

Андреј Лечиќ (стои прв од лево) првпат ќе биде во улога на селектор, а веќе почна да ја подготвува својата репрезентација со која месецов ќе учествува на турнир во Романија (Фото: КФСМ)

Василев ќе ја води генерацијата 2002 чии кошаркари лани, како кадети, обезбедија пласман во А дивизијата со третото место на првенството во Сараево. Симиќ е унапреден, од селектор на М18 во селектор на М20 каде ќе смета на дел од кошаркарите со кои ја освои четвртата позиција на шампионатот, исто така во Орадеа претходното лето.

Никола Василев се враќа во младинските селекции по пауза од едно лето (фото: FIBA)

Симиќ во октомври ја водеше М18 репрезентацијата на турнир во Бугарија, но само затоа што Василев има ангажман во Литванија, како асистент во тамошниот прволигаш Алитус.