ПОЧЕТНА СВЕТ ДеРозан е човекот на одлука

ДеРозан е човекот на одлука

сподели
Spurs

Со 17 поени во последната четвртина од натпреварот, од вкупно 27 што ги постигна во триумфот на Сан Антонио против Сакраменто со 129:120, тој потсети на лидерската улога што ја има во составот на Спарс.

ДеМар ДеРозан имаше 10/13 со 10 асистенции, а неговиот тим шутираше 53.35% од поле. При резултат 114:112 на 2:23 до крајот, ја зеде топката во рацете и постигна 10 врзани поени со што практично го реши мечот.

ДеАрон Фокс имаше личен рекорд од 39 поени, Богдан Богдановиќ додаде 24 за Кингс, кои се обидуваат да се пласираат во доигрувањето по 13 години пауза. Двете екипи ги заменија позициите на западната табела, бркајќи го Мемфис на 8-та.