ПОЧЕТНА СВЕТ Дербито на Лос Анџелес на првиот ден од рестартот на НБА

Дербито на Лос Анџелес на првиот ден од рестартот на НБА

сподели

Лејкерс и Клиперс ќе играат меѓу себе на повторното отворање на сезоната на најсилната светска кошаркарска лига.

Нивниот меч е закажан за 31 јули, во 3 часот по полноќ по средноевропско време во Орландо, каде ќе се игра целата завршница. Првиот меч од програмата е дуелот меѓу Јута Џез и Њу Орлеанс Пеликанс и тој ќе почна 2,5 часа порано.

Лејкерс и Клиперс се два од трите најсериозни кандидати за титулата во НБА лигата оваа сезона. Веќе се сретнаа три пати оваа сезона, Клиперс водат со 2:1.