ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ДЕОЛСКИ: Да ја победиме Белгија, потоа се е можно

ДЕОЛСКИ: Да ја победиме Белгија, потоа се е можно

сподели

Уште еден ден остана до почетокот на Европското младинско првенство Б-дивизија што ќе се одржи во Португалија.

Македонската репрезентација е веќе во Матосињос, го одржа првиот тренинг и го очекува стартниот натпревар, против Белгија, кој е од огромно значење во борбата за четвртфиналето. Капитенот Андреја Деолски тврди дека тој и кошаркарите се подготвени за она што ги очекува.

Андреја Деолски (десно) со Павле Михајлоски и Дамјан Крстевски

„Имавме одлични подготовки, одигравме многу пријателски натпревари и останува она што го работевме да го покажеме на терен. Трениравме во Скопје и Маврово, игравме во земјава, Унгарија и Бугарија.

Иако, во просек, сме помлади од другите репрезентации, сакаме да покажеме дека оваа генерација има квалитет и талент. Ривали за првите две места ќе ни бидат Белгија и домаќинот Португалија. Ако ја победиме Белгија, понатаму се е можно, се надевам на пласман во нокаут-фазата“, изјави Деолски за basketball.mk.

Покрај овие две селекции, во групата со Македонија се уште Словачка и Луксембург. Претходните години нашите младински селекции беа на средината во конечниот пласман на Европските првенства Б-дивизија. Најголем успех на М20 репрезентациите е второто место од 2006 година кога, исто така во Португалија, го освоивме второто место. Тој тим го предводеше Марјан Лазовски, а во него играа Предраг Самарџиски, браќата Стојановски, Александар Костоски итн.