ПОЧЕТНА СВЕТ Дебито на Вилијамсон, сепак, дополнително се одложува!

Дебито на Вилијамсон, сепак, дополнително се одложува!

сподели

Иако беше најавено за претстојниот петок, првиот меч на топ пикот на последниот НБА драфт, ќе се случи речиси една недела подоцна.

Потпретседателот на Њу Орлеанс Пеликанс, Дејвид Грифин откри дека е планирано Зајон Вилијамсон да заигра на 22 јануари, на дуелот против Сан Антонио Спарс. Натпреварот се игра во Лујзијана и домашните навивачи ќе имаат можност да ја видат на дело својата нова ѕвезда.

Вилијамсон веќе настапуваше за Пеликанс во подготвителниот период, кога и се повреди, и просечно постигнуваше по 23,3 поени и 6,5 скока по натпревар.