ПОЧЕТНА НБА Де Коло оди во Мадрид, но само за да го прелета Океанот?

Де Коло оди во Мадрид, но само за да го прелета Океанот?

сподели
Basketball Insiders

Еден од најдобрите бекови во Евролига, планира да се врати во НБА лигата, по шампионската сезона со ЦСКА Москва. Францускиот интернационалец им дал задача на агентите, да му бараат ангажман во најквалитетното кошаркарско друштво.

Нандо Де Коло (32) ја заврши 5-годишната кампања во дресот на рускиот и европски кошаркарски гигант, со титулите дома и во елитното европско натпреварување, со просек 14.7 поени и 3.4 асистенции и со 45% реализација за три поени.

Тој се врати од НБА во Европа во сезоната 2013/14, од Торонто Репторс, франшиза што се уште ги има правата на неговиот потпис. Французинот играше две сезони во Сан Антонио Спарс, кои што го избраа како 53-ти пик во 2009-та година.