ПОЧЕТНА Европски лиги Датоме по стапките на Перо Антиќ

Датоме по стапките на Перо Антиќ

сподели

Во интервју за Кориере дела Сера, актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на Италија, Џани Петручи најави кој ќе биде негов наследник на оваа функција.

Според него, тоа е Луиџи Датоме, актуелниот кошаркар на Фенербахе и еден од најдобрите италијански играчи во моментов.

„Мојот наследник ќе биде Датоме. Кога ќе одлучи да се кандидира за таа позиција, сигурно ќе биде избран. Има харизма, паметен е и може да биде претседател“, изјави Петручи.

Веројатно до тој момент ќе помине долго време бидејќи Датоме во ноември ќе наполни 32 години и сигурно има уште 5-6 сезони активна кошарка. Ако навистина биде претседател ќе тргне по стапките на неговиот поранешен соиграч од Фенербахче, Перо Антиќ кој пред два месеца стана прв човек на македонската кошаркарска федерација.

Двајцата се исклучително блиски, па ако Антиќ дотогаш остане на позицијата, може да се очекува потесна соработка меѓу кошаркарските субјекти од Македонија и Италија.