ПОЧЕТНА Интернационалци Даскаловски во македонската колонија Астана

Даскаловски во македонската колонија Астана

сподели
fiba.basketball

Тренерот на годината во ВТБ регионалната лига реши да го засили својот стручен штаб со уште еден македонски стручњак. Емил Рајковиќ го повика Борче Даскаловски, кој што следната сезона ќе биде асистент на клупата на казахстанскиот шампион.

фото: vtb-league.com

Рајковиќ ни изјави дека верува во квалитетите на новиот помошник и во неговото кошаркарско знаење, дека Даскаловски заслужува прилика за надградување во материјата што одлично ја владее.

Борче Даскаловски има 35 години, беше тренер во Вардар и во Карпош Соколи, односно асистент во А селекцијата. Има клупско искуство во УЛЕБ Купот, ФИБА Еврокупот и во АБА лигата. Тој е професор по кошарка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Во стручниот штаб на Рајковиќ се уште и Сашо Тодоровски, односно Марко Величковиќ кои што работеа со него во Работнички кога тој беше прв тренер во нашата најтрофејна екипа (2013/14).