ПОЧЕТНА Интернационалци ДАСКАЛОВСКИ: Огромна чест и шанса што не се пропушта

ДАСКАЛОВСКИ: Огромна чест и шанса што не се пропушта

сподели

Последниот член на македонското трио што ќе работи заедно за подобри резултати на казахстанскиот шампион Астана, е Борче Даскаловски, на кој неодамна му заврши ангажманот како асистент во нашата А селекција.

“Пред се сакам да му се заблагодарам на Емил Рајковиќ за укажаната доверба. Ова е шанса што не се испушта, добивам можност да работам во врвен колектив што учествува во ВТБ-лигата.

Преговорите траеја кратко, експресно се договоривме, а многу ми значи и што беше обезбедено да продолжам со работа како професор, на Универзитетот во Астана.

Мотивиран сум за овој предизвик и се надевам дека ќе се продолжи со добрите резултати од ланската сезона.“ – ни изјави Даскаловски.

Даскаловски има 35 години, иднината е пред него, ќе соработува со првиот тренер Рајковиќ и со асистентот Сашо Тодоровски, кои што долго време се тренерски тандем и редат успеси каде и да се ангажирани.