ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Даскаловски ја доби довербата на МЗТ

Даскаловски ја доби довербата на МЗТ

сподели

Поранешниот предводник на Вардар и Карпош Соколи и довчерашен помошник на Емил Рајковиќ во тимот на Астана, во новата сезона ќе го води вториот тим на МЗТ Скопје.

Борче Даскаловски доаѓа на местото на Горан Крстевски кој останува во клубот, но ќе ја води М16 генерацијата. Професорот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) со ова се враќа во домашната кошарка по пауза од 2,5 години бидејќи негов последен ангажман беше оној во Карпош Соколи, пред клубот да доживее колапс.

Basketball.mk минатата недела ја најави тренерската смена во МЗТ Скопје 2. Конкурент на Даскаловски беше легендата на клубот од Аеродром и на македонската кошарка Перо Блажевски.