ПОЧЕТНА СП 2019 ДАНИЛОВИЌ: Федерацијата не сноси вина за лошите резултати на репрезентацијата!

ДАНИЛОВИЌ: Федерацијата не сноси вина за лошите резултати на репрезентацијата!

сподели
SportsBlog

Српскиот претседател на кошарката се соочува со истите проблеми како претходниот наш, медиумите и јавноста бараат одговорност од него за слабиот пласман на српската селекција на светското првенство во Кина.

„Учинокот е неуспех, но не е дебакл. Некаде згрешивме, но каде? Тоа не е одговорност на федерацијата, ние само создаваме услови селекциите од најмладата до највозрасната, да се натпреваруваат и да се развиваат непречено.

FIBA

Ако некој мисли дека насловите ќе не раскараат мене, Дејан Томашевиќ и Александар Ѓорѓевиќ, се излажал. Во името на сојузот, мое и на сите нормални луѓе, му благодариме на Сале за се што направи како играч и тренер, за српската кошарка.

ALEKSANDAR DIMITRIJEVIĆ / RAS SRBIJA

Рокот за пријава за организатор за олимписките квалификациски турнири е до ноември, одлуката ќе падне во март. На СП немаше расправии меѓу играчите, не размислувам за оставка, во следните месец-два ќе размислувам за наследникот на поранешниот селектор.“