ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дамјан Робев е нов член на Куманово

Дамјан Робев е нов член на Куманово

сподели
фото: Александар Ристовски

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија во новата сезона ќе игра во редовите на вицешампионот од 2002, 2015 и 2016.

Претходните две години Дамјан Робев беше член на Вардар, но играше само една бидејќи летото 2018, за време на подготовките, доживеа тешка повреда поради која паузираше долго време. Последната сезона беше носител на играта на Вардар, ја врати потребната форма и самодоверба и сега е подготвен за нови предизвици.

Куманово ќе биде трет клуб во професионалната кариера на 23-годишниот бек кој една сезона помина и во редовите на Гостивар. Тренер ќе му биде Владимир Мирковски, истиот што го водеше низ младинските селекции на Вардар.