ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дамјан, Боки, Андреј… Играчи со срце-планина

Дамјан, Боки, Андреј… Играчи со срце-планина

сподели
Секој хендикеп може да се надополни, треба само храброст - Магдевски и Крстевски како оси на противничките играчи (фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски)

Кога еден тренер ќе остане со само осуммина здрави играчи, само една работа може да му помогне: тие што ќе се појават на теренот да го остават таму срцето.

А, Ѓорѓи Кочов има токму такви во својот ростер. Од осумте кошаркари, тројца ја презедоа врз себе одговорноста на натпреварот со Сплит и го однесот МЗТ Скопје до најважната победа оваа сезона, не толку од резултатски, колку од аспект на кревање на самодовербата во тешките моменти.

Тешко е да се издвои кој од нив има најголема заслуга за победата. Според постигнатите поени и нивната важност во финишот од мечот, честитки заслужува капитенот Дамјан Стојановски кој заврши со 24 (меѓу кои последните седум на мечот).

Според храброста, на прво место е Бојан Крстевски кој се избори со џиновите од противничката екипа. Постигна 12 поени, но уште 8 скока и 4 асистенции.

Според ангажираноста, Андреј Магдевски кого го имаше буквално на секој дел од теренот. Во игра помина 32 минути и постигна 9 поени, 8 скока, 7 (!!!) украдени топки и 5 асистенции. Она што не се гледа низ статистиката, го знаат неговиот тренер и соиграчите.