ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дамите стартуваат во октомври

Дамите стартуваат во октомври

сподели
mkf.mk

Македонските дами почнуваат на 10-ти октомври, беше решено на состанокот на Здружението на Првата женска лига.

Системот и календарот, како и бројот на учесниците за сезоната 2020/21 треба да биде усвоен на следната седница на Управниот одбор на КФСМ.

Првата женска лига ќе брои 14 екипи, кои се планира да бидат поделени во две групи – источна и западна, според регионалната (географската) припадност на клубовите.

Куманово, Крива Паланка, Патриот, МЗТ Скопје Аеродром, Вардар Скопје, Пробаскет и Баскет КАМ се источните, а Бадел, Шкупи, Пантери, Гостивар, Работнички, Струга и Трокал се западните екипи.