ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дојде ли време Војдан да го облече сино-белиот дрес?

Дојде ли време Војдан да го облече сино-белиот дрес?

сподели

Клупската сезона е пред крајот на вториот месец, а капитенот на македонската репрезентација уште нема клуб, откако летоска го напушти Олденбург.

По низата шпекулации за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата, се чини дека сега е идеален момент да тргне по стапките на својот брат-близнак, па и оној постариот, Огнен кој е во структурите на клубот, а своевремено, исто така, беше играч на екипата од Аеродром.

Не е тајна дека Војдан од почетокот на подготовките тренира со МЗТ Скопје, често и присуствува на натпреварите на тимот. Шампионот подолго време е во проблеми со играчкиот кадар, а сега си замина и Марко Симоновски кој игра на истата позиција и има сличен стил.

fiba.basketball

Недостасуваат домашни, квалитетни играчи затоа што во моментов тренерот Ѓорѓи Кочов може да смета едвај на десетмина кошаркари од кои едниот е тинејџер без речиси никакво прволигашко искуство, а Радуловиќ пред три дена се приклучи на новиот тим.

Јасно им е на сите дека прва опција за Војдан е странство, веќе осум години игра надвор од Македонија. Но, ако нема решение во моментов, и за него не е добро, долго да биде без натпревари. Само, двете страни треба да потегнат иницијатива за тоа да се оствари…