ПОЧЕТНА СВЕТ Далас во шок: Дончиќ се повреди!

Далас во шок: Дончиќ се повреди!

сподели

Мајами Хит триумфираше во дуелот на третопласираните екипи во двете конференции, но дуелот остана во сенка на повредата на еден од најдобрите играчи во НБА оваа сезона.

Лука Дончиќ се повреди уште во втората минута од натпреварот откако при еден влез згазна на Нан и го свитка скочниот зглоб на десната нога. И без него Далас одлично се држеше, се избори за продолжение, но не издржа до крајот и загуби со 118:122.

Кристапс Порзингис постигна 22 поена и 14 скока, Тим Хардавеј додаде 28 поени, а Мавс го претрпеа осмиот пораз во сезоната. Џими Батлер го предводеше Мајами со 27 поени, но Бам Адебајо оствари трипл-дабл со 18 поени, 11 скока и 10 асистенции.