ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дачо и Викса го торпедираат ФМП

Дачо и Викса го торпедираат ФМП

сподели

Работнички гостува во Кисела Вода во петтото коло од Првата македонска кошаркарска лига во обид да продолжи со максималниот ефект во домашното првенство.

По 20 минути игра вицешампионот има предност иако се очекуваше таа да биде повисока. Води со 41:50, најмногу благодарение на двајца играчи – Данило Мијатовиќ и Виктор Ефремовски.

Заедно постигнаа 38 од вкупно 50 поени на Работнички со тоа што Србинот реализира 22, а нашиот кошаркар 16. Во екипата на ФМП, Нацевски е прц стрелец со 10 поени.