ПОЧЕТНА ЕВРОПА ДА НИ ВЕРУВАТЕ: Ви рековме дека останува

ДА НИ ВЕРУВАТЕ: Ви рековме дека останува

сподели
фото: ACB

Светислав Пешиќ го продолжи договорот со шпанскиот тим Барселона, со што стави крај на шпекулациите дека си заминува. Уште по завршувањето на последниот натпревар од финалето на шпанската лига, српскиот стратег во ТВ интервјуто изјави дека чувствува обврска да ја донесе титулата во Блауграна и затоа ќе почне ново поглавје на кормилото на каталонската гордост.

Веднаш тргнаа претпоставките за негово заминување, но со овој потпис и со засилувањата, ако се остварат, Пешиќ ќе им покаже на сите кошаркарски „познавачи“ дека не биле во право. Србинот потпиша до 30-ти јуни 2021-та година, односно ја профати понудата на Барселона за наредните две сезони.

Ова е негово второ искуство на клупата на тимот од каталонската престолнина, по периодот 2002-04. На 240 натпревари тој има 56/85 во Шпанија и 116/155 во Евролига, со 172/240 има процент на победи 72%, што е исклучително висока реализација. Пешиќ освои 7 трофеи со Барселона, најважниот беше првиот евролигашки во 2003-та година на Монжуик.