ПОЧЕТНА СП 2019 Да не беа повредите…

Да не беа повредите…

сподели

Американската репрезентација го освои седмото место во Кина што е најслаб пласман за оваа селекција во историјата на Светските првенства.

Можеби такво нешто и беше очекувано со оглед на составот кој отпатува во Азија, но првиот човек на американската кошарка Џери Коланџело смета дека има уште еден елемент кој влијаел на конечниот пласман. Тоа се повредите на дел од клучните кошаркари на кои требаше да се базира играта на САД, а кои воопшто не заминаа на Мундобаскетот.

„Верувам дека да не беа повредите на Џејсон Тејтум, Кајл Лаури и Кајл Кузма, ќе ја освоевме титулата. Тој хендикеп беше преголем за нас и не успеавме да излеземе на крај.

Моето разочарување не е од тие кошаркари кои играа на првенството, туку од оние кои најавија дека ќе дојдат, а потоа се премислија. Поединечно ќе се справиме со тој проблем. Важно е на секое натпреварување да бидеме со најсилниот можен состав“, изјави Коланџело.

И покрај тоа што разочара на Светското првенство, американската репрезентација обезбеди пласман на Олимписките игри во Токио. Вообичаено на тие натпреварувања оди во најсилниот состав поради што и ги освои титулите на последните три Олимпијади.